Ви треба помош?
ЧПП
Најчестите Прашања и Одговори
на едно место.
Немам фирма, а сакам да го видам Вашиот асортиман. Како?
Посетете не на www.sakamigracka.com, каде што можете да го разгледате асортиманот на Дексико, но напоменуваме дека овој сајт содржи одреден број производи кои немаат можност за големопродажба. Од друга страна, пред Мај 2021г, т.е. на старата верзија на shop-от, ќе видите голем број продукти без слики, поради тоа што старата верзија не ни овозможува ажурирање на сликите. Ако сакате да го видите нашиот асортиман, Ве молиме побарајте на 076 284 608 или 075 305 787 за да договорите наш комерцијалист да Ве посети или, ако сте во можност, Ве покануваме лично да не посетите.
Имам фирма што се занимава со продажба на играчки, и сакам да го видам Вашиот асортиман преку интернет. Како?
Асортиманот за продажба на големо во моментот не е достапен за разгледување преку интернет. Можеме да Ви испратиме специфичен каталог-понуда, доколку имате специфични потреби за одреден тип играчки, но не и целиот асортиман. За таа цел, Ве молиме пишете на contact@deksiko.com или побарајте не на телефон. Ако сакате да го видите целиот асортиман, Ве молиме побарајте на 076 284 608 или 075 305 787 за да договорите наш комерцијалист да Ве посети или, ако сте во можност, Ве покануваме лично да не посетите.
Дали давате попуст/рабат?
За големи поединечни набавки, или за остварени големи износи на набавки во тек на одреден период, постои можност да одобриме одредени количински рабати. Вообичаена практика ни е прво да отпочнеме со работа, а после да се договараме за можностите остварениот или планираниот промет да спадне во категорија за која би се одобрил количински рабат. Исклучок од тоа се поголемите износи на набавки направени уште на самиот старт на соработката. Попустот зависи од направените количини и рокот на плаќање.
Каков е квалитетот на Вашите производи?
Кога станува збор за играчки, под квалитет се подразбира, пред се, безбедност, а исто така и трајност – отпорност на кршење/расипување. Во поглед на безбедноста, водиме грижа нашите играчки да ги имаат сите неопходни тестирања и сертификати кои се обврзани со закон, што е гаранција за нивото на нивна безбедност. При набавките водиме грижа и за квалитетот од аспект на трајноста, воедно обединувајќи го со потребата од достапна цена, при што нашиот асортиман се позиционира помеѓу средно и високо квалитетни играчки од аспект на нивната трајност.
Дали може да се купи играчка на мало во Вашиот магацин?
Во нашиот изложбено – магацински простор во Автокоманда може да се купува на големо (набавки над 10.000 ден.) Постоечките купувачи на големо, можат да купуваат и многу помали поединечни набавки, кога вршат дополнувања на својот асортиман, а притоа битен е фактот што тие остваруваат голем вкупен промет во текот на одреден временски период, иако некои поединечни набавки можеби се помали од 10.000 ден.
Играчка на мало може да се купи, како исклучок – имајќи во предвид дека просторот не е уреден како продавница и работното време и услугата не се прилагодени на потребите на купувачите на мало. За купувањето ќе добиете фискална сметка, но не е овозможено плаќање со картичка.
Како да купам играчка преку интернет?
www.sakamigracka.com е првиот македонски портал за играчки и детска опрема кој постои од 2009та година. Можност да избегнете гужви, да заштедите време, да изненадите некого со подарок… Во тек е изработка на нова верзија на овој webshop, која се очекува да биде пуштена во употреба во текот на Мај 2021г. На старата верзија нема можност да се видат слики од поголем број продукти, иако се гледаат нивните називи, цени и описи, но во тие случаи можеме да Ви испратиме слика на mail, viber или messenger.
За продажба на големо - дали вршите доставување до мојата продавница?
Дексико врши бесплатна достава на Вашите нарачки до Вашите малопродажни објекти. Рокот во кој тоа ќе биде направено зависи од големината на нарачката, и од моменталниот распоред на патувања на доставните возила на Дексико. Во секој случај, тоа е предмет на интерен договор меѓу нас – ако производите не можат да Ви бидат испорачани со нашите доставни возила, а Вам ви се итни – ќе најдеме алтернативен начин тие да стигнат до Вас во најбрз можен рок.
За продажба на мало – дали вршите достава до домашна адреса?
Да, можеме да испорачаме до домашна адреса, доколку имате таква желба или потреба. Притоа, овозможуваме и пакување во украсна хартија, ако играчката е наменета за подарок.