УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ ги објавува информациите, податоците, документите, сликите или другите писмени материјали на својата веб-страница само за информативни цели.
Содржината на веб-страниците на ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ треба да се толкува врз основа на оригиналните текстови, без промени. Може да се случи веб-страниците да се променат независно од волјата или надвор од контрола на ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ и заради тоа, освен ако не е поинаку предвидено со закон, ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ не превзема никаква одговорност за точноста, веродостојноста, навременоста или содржината на веб-страниците кои Ви се ставени на располагање, во врска со информациите, сликите, документацијата или другите писмени материјали кои можат да се најдат на веб-страницата.
Се забранува употреба, репродукција, пренос, дистрибуција, трансформирање или зачувување на содржините на веб-страниците во било каква форма, делумно или целосно, без претходна писмена дозвола од ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ. Но, како начин на слободно користење, ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ. Ви дозволува да ги зачувувате содржините од овие веб-страници или да ги печатите од Вашиот компјутер, за Ваша лична употреба.
ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ:
– го задржува правото да ги менува или трансформира своите веб-страници во било кое време;
– може да го ограничи или да го прекине пристапот до веб-страниците;
– не гарантира непрекинат или безгрешен пристап до веб-страниците;
– изрично отфрла било какви штети и/или загуби кои би можеле да произлезат од неовластен пристап до почетната страница, информациите, сликите, документацијата или другите писмени материјали кои се достапни на истите, несоодветна состојба на веб-странциците за употреба, несоодветно функционирање, неправилности, било какви проблеми во функционирањето или нивна нејасност.
Забрането е вградување на било какви елементи од содржината на веб-страницата во друга веб-страница.
ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ не прифаќа било каква одговорност за содржините кои се воспоставени, пренесени, зачувани, ставени на располагање или објавени од трети страни на коишто е поставен линк или кои се однесуваат на веб-страниците на ДТУ ДЕКСИКО ДООЕЛ.