Играчките се нашиот бизнис!

Кои сме ние

ДЕКСИКО дооел е водечки увозник и дистрибутер на детски играчки и опрема во Македонија, кој е редовен добавувач на широка мрежа на малопродажни објекти низ земјата и на останати клиенти кои имаат потреба од играчки и опрема за играње.  Нашиот продажен асортиман вклучува играчки увезени од земјите на ЕУ, САД, Кина, Турција, Белорусија, како и производи од македонско потекло.  Во нашиот продажно – изложбен салон ќе најдете голем број производи од најразновидни категории, а асортиманот постојано се освежува со нови.

Со нашето големо искуство (од 2001г.) и својот вреден тим талентирани вработени, денес со гордост кажуваме дека наши задоволни клиенти се стотици купувачи – продавници за играчки, web-шопови, книжари, гифт-шопови, маркети, супермаркети, градинки, институции, фирми…

Ако играчките се Вашиот бизнис, или тоа ќе станат, Ве покануваме да не посетите и да уживате во одличниот избор и услуга.

НАШАТА МИСИЈА

Испорачуваме естетски и функционално атрактивни производи, кои ги задоволуваат барањата за вкус и квалитет на нашите купувачи, по одлични цени и услови.

НАШАТА ВИЗИЈА

Да бидеме Вашиот совршен партнер за детски играчки, опрема за играње и комплементарни продукти, кој ги следи Вашите потреби но и Ве инспирира, Ве советува и услужува, обезбедувајќи супериорна услуга и квалитет, пресретнувајќи ги и надминувајќи ги Вашите очекувања.

logo

НАШЕТО МОТО

Предизвиците, промените и искуството – не прават пожилави и подобри!